Чудесни места: Десетте најекстравагантни хотели во светот

Од:

Читателите и уредниците на интернет проталот Tripadvisor.com составија листа на најекстравагантни хотели во светот за туристите со софистициран вкус и длабок џеб. Следува листата на 10-те најдобри.

1.Four Seasons Tented Camp Golden Triangle – Чианг Саен Тајланд

Да се претстојува во овој хотел е како кампирање во џунгла, но со најголемиот можен луксуз.

2. Jumby Bay, A Rosewood Resort – Антигва, Кариби

Хотелот е издвоен заради неверојатните прекрасни услуги. Местото е огромно, чисто и модерно, а храната одлична.

maldivi-01

3. Anantara Kihavah Villas – Ба Атол, Малдиви

Ова е едно од најубавите летувалишта во светот.

4. Хотелот Осејава – Макарска, Хрватска

Љубезниот персонал и извонредно чистите и прекрасни соби се заслужни што Осјева се најде меѓу надобрите хотели во светот.

5. Burj Al Arab –Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Да се помине само една ноќ во овој хотел е едно од оние искуства, кои ќе ги паметите цел живот, сметаат многу посетители.

6. Abaco Club – Вингдинг Бај Оаут Ајландс, Бахами

Абако Клуб на многумина им е омилена дестинација затоа што нуди луксуз за босоноги туристи. Покрај вкусната храна и љубезниот персонал, тука се и голф-терените и куќичките за изнајмување. Секако, се е совршено чисто.

7. Longitude 131 -Јулара, Австралија

Цената е висока но оние кои тоа можат да си го дозволат сметаат дека вреди секој цент.

8. Хotel Le Toiny Сент Бартелеми, Кариби

Иако тука се наоѓаат и други луѓе, се чини како да сте сами на островот и имате персонал кој само вам ви е на располагање.

9. Naladhu Resort Maldives – Саут Мале Атол, Малдиви

Наладху е идеално место за отпуштање. Тука можете да заборавите на останатиот дел од светот.

10. Maia Luxury Resort & Spa Seychelles, Махе Ајланд, Сејшели

Погледот е фантастичен, баш од секоја соба. Вилите со многу фантазија, паркови кои би освојувале ботанички награди и врвните батлери се карактеристиките на овој хотел.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ