Четврти ден Моден викенд Скопје: Тошева, Ивановски, Занов и „Kigili“

Од:

Најновите колекции на Ирина Тошева, Роберт Ивановски, Митко Занов и турската модна куќа „Kigili“ беа прикажани на претпоследниот ден Моден викенд Скопје, синоќа во Музејот на Македонија каде е во тек дванаесеттото по ред модно случување.

Модерен и авантуристички, наменет за самоуверени мажи со динамичен животен стил, брендот „Kigili“ за прв пат се претстави пред македонската публика со уникатна, тренди колекција за сезоната есен – зима 2015/2016. Колекцијата е сублимат од четири различни теми: „Душата на авантуристичкиот патник“, „Урбан номад“ , „Динамичен град“ и „Луксузна машка облека“.

Митко Занов дебитираше на Моден викенд Скопје со својата прва авторска колекција наречена „Голата мугра“ . Занов за парчињата наменети за актуелната сезона вели „Храбра, авангардна и грациозна се клучните зборови кои ја опишуваат жената, која ме инспирираше да создадам колекција која ќе понуди уникатни, иновативни и квалитетни дизајнерски парчиња облека и модни додатоци, што им дозволуваат на девојки со нескротлива имагинација да го експресираат личниот стил во секојдневниот изглед“.

Ирина Тошева која своите креации редовно ги презентира на Моден викенд Скопје, поддржана од My:Time и Министерството за култура на РМ, ја донесе колекцијата на која беа пресликани куќи и пораки испишани на кирилица. Модната презентација беше испратена со музиката на „Нокаут“ кои пред публиката песните ги свиреа во живо.

„Бои вибрираат по пулсот на еден град, барајќи го својот дом. Улиците по кои секојдневно чекореа го сменија својот ритам и ги натераа во стрмоглава потрага. Бараа дом кој одново ќе го варосаат во нова младост. И не само тој, туку и други. Градеа разнобојни домови за да создадат колективно гнездо на топлина. Погледни! Цела низа куќи само за нас. А од нивните оџаци мириса на љубов бескрајна и свежо пространа облека на утринско сонце“, вели Тошева.

За крајот на вечерта Роберт Ивановски поддржан од винаријата „Камник“, се врати на Моден викенд Скопје со колекцијата „Feelings“ наменета за пролет/лето 2016 година.
„Колекцијата е инспирирана од природата и нејзината обоеност, поп културата и моите чувства низ годината. Доминантни бои се белата и зелената, збогатена со абстрактни принтови изработени од младите сликари Бојан Ковски и Елена Чемерска.“ , вели дизајнерот Ивановски.

За фризурите на манекенките и овој пат се погрижи Едукативниот центар „Кариера плус“ во соработка со „Lakme а за шминка тимот поддржан од „Gosh“.

Вечерва во Музејот на Македонија завршува дванаесеттиот Моден викенд Скопје со ревиите на руската модна куќа „ N by Z“, Кристина Цветковска и Олгица Ѓоргиева поддржана од „D’eyeko“.

DB2C2576

DB2C2732

DB2C1972

DB2C1954

DB2C1549

DB2C1450

DB2C3279

DB2C3234

DB2C3109

DB2C3314

DB2C2270

DB2C2446

DB2C2470

DB2C2530

DB2C2291

Би можело да ве интересира

Модата е уметност, a дизајнот знае за етика, по 26 пат FWSK

Ана Ололовска

21. Моден Викенд Скопје: Дигитално издание со домашни дизајнери и странски брендови

Ана Ололовска

Ревии на Занов, Тошева и Ивановски на третиот ден на Модниот викенд

Емир Латифовиќ

Игор Марков за старт на ревијалниот дел на есенскиот Моден викенд

Емир Латифовиќ

„Свадбените приказни“ го отворија 12. Моден викенд во Скопје

Емир Латифовиќ