Четкар ќе одржи концерти во Њујорк, Детроит и во Кливленд

Од:

По неодамнешниот концерт во Скопје, Владимир Четкар замина во САД, каде што го очекуваат неколку концерти во Њујорк, Детроит и во Кливленд.

На 31 јануари Четкар се враќа на „Тајм сквер“ со концерт во прочуениот њујоршки клуб „Би Би кинг блуз клуб“, каде што редовно настапуваат некои од најзвучните имиња во светот на фанк, блуз и соул-музиката.

На 2 февруари Четкар ќе настапи во Кливленд, Охајо, во клубот „Најттаун“, кој според магазинот „Даун бит“ е еден од водечките џез-клубови во светот, а наредниот ден ќе одржи концерт во Детроит во џез-клубот „Џез-кафе Детроит“, кој се наоѓа во историскиот „Мјузик хол“.

На сите концерти Четкар ќе свири своја авторска музика и ќе предводи интернационален септет во кој ќе членуваат американски, јапонски, мексикански и холандски музичари.

Би можело да ве интересира

Четкар ќе го одржи традиционалниот концерт „Вино и џез“ во Охрид

Ана Ололовска

Четкар за првпат ќе настапи со септет од познати македонски музичари во Станица 26

Ана Ололовска

Четкар на џез фестивал во Тајланд

Наум Локоски

Концерт на Владимир Василевски-Четкар во Њујорк

Ана Ололовска

Четкар ќе настапи на џез-фестивалот „Џава“ во Џакарта

Ана Ололовска

Џез-музичарот Четкар во декември ќе ја продолжи турнејата во Азија

Ана Ололовска