Четиринаесет разлики дали врската е вистинска или токсична љубов

Од:

Постојат 14 основни разлики дали вашата врска е вистинска или токсична љубов.

1. Љубов: Личниот развој како приоритет. Токсична љубов: Опседнатост со врската;

2. Љубов: Простор за раст и развој; желба партнерот да расте заедно со вас. Токсична љубов: Интензивна потреба другите да ве видат со партнер;

3. Љубов: Различни интереси, различни пријатели, одржување на други значајни врски. Токсична љубов: Ограничен социјален живот, занемарување на старите познанства, пријатели и интереси;

4. Љубов: Поттикнување на меѓусебните успеси, сигурност во сопствените вредности. Токсична љубов: Окупираност со однесувањето на другата страна, страв од промени;

5. Љубов: Доверба. Токсична љубов: Љубомора, посесивност;

6. Љубов: Компромис, заедничко решавање на проблемите. Токсична љубов: Борба за контрола, пасивна или агресивна манипулација;

7. Љубов: Прифаќање на индивидуалноста. Токсична љубов: Обид да се менуваат карактеристиките на партнерот;

8 Љубов: Однос кој ги опфаќа сите аспекти на реалноста. Токсична љубов: Односот се заснова на илузии и избегнување на непријатностите;

9. Љубов: Грижа за себе кај двајцата партнери. Токсична љубов: Се очекува едниот партнер да ги „поправи“ работите и да го „спаси“ партнерот;

10. Љубов: Здрава загриженост за партнерот. Токсична љубов: Опседнатост со проблемите и емоциите;

11. Љубов: Сексот е слободен избор кој настанува од љубовта и пријателството. Токсична љубов: Притисок околу сексот поради страв, несигурност и потреба за непосредно задоволство;

12. Љубов: Способноста да се ужива во осаменоста. Токсична љубов: Раздвоеноста е неподнослива;

13. Љубов: Циклус на удобност и задоволство. Токсична љубов: Циклус на болка и очај;

14. Љубов: Разговори кои се заснована на разбирање, помагање или изразување на внимание и приврзаност. Токсична љубов: Разговори засновани на обвинувања, заземања на одбранбени ставови или манипулирање.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум