– Покрај огромниот број тажни и трагични повици на бројот 911, кој во Америка се користи за итни случаи, ова четиригодишно момче сигурно го разубавил денот на човекот од друата страна на линијата.
Во почетокот навистина мислел дека се работи за опасност по детето, мислејќи дека детето има проблеми со устата, но набрзо сфатил дека момчето има други проблеми. На прашањето каде живее, момчето одговори дека сака да му се помогне преку телефон.
Четиригодишното дете имало проблеми со математиката, па одлучило да побара итна помош.
Полицаецот на итната линија одлучил да му помогне на момчето и го прашал какви проблеми има со математиката. Момчето имало проблем со одземање.
По неколу реченици, мајката се појави во просторијта каде било момчето и го прашала што прави.
Одговорот бил очигледен, разговара со полицаец кој се обидува да му помогне околу математиката.
На прашањето што му рекла за користењето на телефонот, момчето повторно имал подготвен разумен одговор, повикуваш некого кога ти треба помош, а на него му требало, само што мајката при тоа не мислела на повикуање полиција на помош.