Цензура на новото издание на Пипи Долгиот Чорап

Од:

Пипи Долгиот Чорап, измислен лик на шведската писателка Астрид Линдгрен, оваа година го слави 70-тиот роденден, и согласно модерните времиња, книгата повеќе нема да го содржи описот кој се смета за расистички.

Во оригиналната приказна, таткото на Пипи Долгиот Чорап живее во Јужните мориња, каде е „црнечки (негро) крал“ – референца која последните години се критизира како расистичка.

Во април ќе биде објавено ново издание на книгата и во неа таткото на Пипи ќе биде „крал на Јужните мориња“, рече Карин Ниман, ќерка на Астрид Линдрген, која со другите членови на семејството ги има издавачки права на нејзините дела.

– Одлучивме да го замениме стариот опис, затоа што навредува. Авторката на Пипи Долгиот Чорап никогаш не би прифатила Пипи да навреди ниедно дете, рече Ниман.

Линдгрен почина во 2002 година, на возраст од 94 години.

За Пипи напиша три книги, првата во 1945 година, кои подоцна беа споени во една.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска