Цело лето музичка забава со „Супер Скопје“

Од:

Секој викенд во август и септември жителите и посетителите на Скопје ќе имаат можност да проследат голем број на концерти и други културно-уметнички настапи на повеќе локации по мотото „Супер Скопје“.

Ова денеска го соопштија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претставници на угостителските објекти во Скопје.

Трајановски, како што информираат од неговиот кабинет, посочи дека станува збор за проект за организирање на голем број на забавни настани во петок и сабота, на повеќе локации во Скопје.

– „Супер Скопје“ ќе започне на 7 август, со отворањето на 10. јубилејно издание на Пиволенд. Како една од музичките атракции кои ќе настапат на скопскиот Пиволенд сакам да го најавам белградскиот состав С.А.Р.С. кои ќе настапи на 12 август во сабота. На 8 август во Скопје ќе се одржи фудбалскиот УЕФА Супер куп, настан од исклучително голема важност за Скопје и во рамките на овој настан ќе се одржат голем број на забавни и музички настани. Потоа на 18 и 19 август забава ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и 2 септември на улица Македонија и на 8 и 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало, изјави Трајановски.

Програмата, посочи тој, е креирана во соработка и на предлог на сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, кои најдобро се запознаени со музичките вкусови на посетителите на локалите.

Трајановски, исто така, најави дека ќе поднесе и иницијатива за овој период работното време на угостителските објекти и локали да се продолжи за еден час.

Проектот „Супер Скопје“ се организира во соработка и на барање на угостителите кои предложија вакви настани со цел заживување на Скопје, пред се во летниот период. Градот Скопје има намера овој проект да стане традиционален и да се организира секоја година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето