Бред Пит претера со ботоксот: „Стегнат како холивудски буџет по лош филм“

Од:

Бред Пит се повеќе е мета на остри критики и потсмев, а сето тоа поради неговиот физички изглед.

Познатиот актер Бред Пит со години важи за еден од најпосакуваните момци во Холивуд. Иако наполни 61 година, тој сè уште го привлекува вниманието на многу девојки, дури и на помлади, што докажува и врската со 29 години помладата Инес де Рамон.

Сепак, иако со својот изглед сè уште го одзема здивот, славниот актер во последно време се почесто е мета на остри критики во јавноста поради својот изглед. Имено, се започна со неговото појавување на финалето на Вимблдон пред две години, кога привлече големо внимание кај корисниците на социјалните мрежи.

Неговото лице воопшто не оставаше впечаток на шеесетгодишник, туку на некој многу помлад. Бред Пит со причина беше топ тема на социјалните мрежи, бидејќи беше очигледно дека зад блескавата кожа и брчките кои „магично исчезнаа“ не стои мајката природа, туку естетската медицина.

@mariettadaviz Brad Pitt stopped by Wimbledon on Sunday to catch the final men’s singles match and to catch everyone else's attention. 😍 #FavoriteActor #BradPitt #Wimbledon ♬ Island In The Sun – Weezer

„Бред доби уште една рунда ботокс“, „Ако продолжи така, нема да може да трепне“, „Изгледа одлично, но сега сите знаеме дека направил нешто“, „Мажите не сакаат да остарат и да не успеат“, беа само дел од коментарите кои тогаш кружеа на интернет.

Тука започна лавинате, при што секое негово наредно појавување предизвикуваше слична реакција и доаѓаше со уште по „креативни“ коментари за неговиот изглед.

Не беше исклучок и неговото појавување на филмскиот фестивал во Венеција, кога на црвениот тепих му се придружи неговиот пријател Џорџ Клуни. Тие тогаш привлекоа големо внимание со својот изглед, но и со многубројните шеги.

Од ден на ден коментарите за неговиот изглед стануваат се почести и поинтензивни, па сега на социјалните мрежи може да се прочитаат коментари од типот:

„Лицето му е позатегнато од тапан, само треба да научи да трепка“, „Ако ова не е ботокс, јас сум Дедо Мраз“, „Бред, врати се, се е простено! Овој восочен двојник не плаши“, „Стегнат како холивудски буџет после лош филм“, се само дел од коментарите.

Би можело да ве интересира

Зголемен број на НЛО пријави во САД во 2025 година

Агнеса Органџиева

(ВИДЕО) Бред Пит за прв пат проговори за разводот од Анџелина Џоли

ВИДЕО: Дали Брижит го удри Макрон.. Скандал ја тресе Франција

Предраг Петровиќ

Три први места, 2 втори и 2 трети…Кузмановци во Италија апсолутни победници

Хаос во авионот: Бритни Спирс пушела и пиела за време на летот, ја пречекала полиција

ВИДЕО: Томи Кеш ја отпеа „Еспресо Макијато“ во Италија на улица

Предраг Петровиќ