Бодрум, рај на земјата

Од:

Наспроти зголемената опасност од тероризам во светот, едно од најпознатите турски летувалишта и оваа година е вистински рај на земјата и најпривлечна дестинација за оние кои сакаат уживање во морето, сончање, прекрасни плажи, но и во културно-историските знаменитости на овој полуостров, кој се наоѓа југозападно од Истанбул и спроти грчкиот остров Кос.

Токму тука, каде што се сретнуваат Егејското и Средоземното Море, Православието и Исламот, во Бодрум, центарпт на турската и светската елита, освен цеќето „цветаат‟ и забавата и трговијата.

Инаку, Турците од секогаш биле познати како добри трговци со голема понуда и секако првата цена никогаш не е и последна.

Бодрум на турски јазик значи подрум, нешто што е на самото дно. Меѓутоа, Бодрум е на врвот на скалата на турскиот и светскиот туризам.

Тезги и продавници има на секаде, речиси на секој чекор и на секое место каде постои макар и најмала историска или туристичка атракција.

Бодрум е украсен со цвеќе во сите бои. Самиот град се простира од морето кон рид. Настанал во 11. век и порано се викал Халикарнаса.

Многу археолошки остатоци укажуваат на тоа дека станува збор за место во кое живот постоел и пред повеќе од 1000 години.

Во стариот град се наоѓаат многу ресторани, барови, уметнички галерии, продавници, главно за кожа и накит. Градот е познат и по ноќниот живот, па така во сезонскиот шпиц баровите и голем број продавници се отворени во текот на цела ноќ.

Во бодрумското крајбрежје вкотвени се јахти чии сопственици се пристигнати тука од целиот свет. Бодрум е и монденски центар на Турција, центар на напредната уметност во која има се повеќе боеми, но и место на најпознатите писатели, глумци и музичари.

Многу од нив и живеат во Бодрум.

Мир, тишина, поволна клима, романтичен панорамски поглед е се она што ги привлекува и им ветува не само прекрасно време, туку и убаво место за живот.

Градот се шири кон ридот, но поради големиот прилив на тие кои сакаат тука да се населат изградбата на новите објекти е ограничена со закон.

Посебна атракција во околината на Бодрум се многубројните многу стари бели објекти со тркалезна форма со купола и служат за собирање на вода. За архитектите на новото време тие резервоари не се само објекти за собирање на вода, туку и вистински уметнички дела и затоа се под заштита на турското наследство.

Над градот крај магистралниот пат се наоѓа реновиран древен камен театар, кој некогаш бил во можност да прими 13.000 гледачи.

Само два часа возење од Бодрум е Ефес, во кој е куќата на Богородица, мајката на Исус Христос и е место за посета на многу туристи.

Блиска дестинација од Бодрум е и грчкиот остров Кос, кој туристите ги привлекува со мирни песочни плажи.

Инаку, во градот Кос е роден Хипократ, татко на модерната медицина.

Долж бодрумскиот брег се наоѓаат многу ресторани во кои може да се порача традиционална турска храна, но и специјалитети од светските кујни. 

Од храна се служи се од морето, како и континентална храна. За љубителите на морската храна вистински предизвик се остриги со компири, лук, кромид, пиперки, путер и со таратур.

Тука е и многу користениот модат патлиџан со јогурт, џипси салата, разни палачинки…

Најчест безалкохолен пијалок е ајранор, течна смеса од јогурт, сол и вода. А како шлаг на тортата е познатиот турски специјалитет, кралица на сите колачи, нејзиното величество – баклавата, посебно ако е со ф’стаци и ореви. 

Би можело да ве интересира

Манекенката Ирина Двизова и ќерката Дијана (15) се убиени во близина на хотел во Бодрум