Угледниот српски актер Милош Биковиќ, кој со години гради паралелна кариера во Србија и Русија, најави дека следниот период ќе го помине во Кина.
Имено, како што изјави на Инстаграм, тој ќе се пресели во Кина на одреден период поради потребите за снимање на нов руски филм.
„Го завршивме рускиот дел од снимањето на филмот „Црвена свила“ и сега се селиме во Кина. Филмот ќе го зачиниме со аромите и атмосферата на далечниот исток“, напиша Милош Биковиќ на Инстаграм.
„Ќе глумам руски империјален агент кој работи за Комунистичката партија, но всушност се обидува да им помогне на пребеганите Кинези“, изјави претходно Милош Биковиќ за овој филм пред новинарите кои присуствуваа на доделувањето на наградите во Белградскиот Драмски театар.