ХБО ќе му плати 3 милиони евра на Милош Биковиќ по исфрлањето, тој ќе ги донира

Од:

Откако српскиот актер Милош Биковиќ беше исфрлен од третата сезона на серијата White Lotus, се наметна прашањето што ќе биде со неговиот очекуван хонорар.

Иако нема да има соработка, на Биковиќ ќе му биде исплатен хонорарот во целост.

Ликот што требаше да го игра Милош Биковиќ требаше да биде во шест од вкупно осум епизоди од новата сезона на оваа ТВ серија.

Сепак, сите приходи од хонорарите Милош Биковиќ најави дека ќе ги даде во хуманитарни цели.

“Како што кажав претходно, за мене беше извонредна чест што бев поканет да работам со Мајк Вајт во ваква серија. Мојот мотив за учество во ваков проект беше чисто актерски и уметнички предизвик. Бидејќи тоа нема да се оствари, сакам хонорарот што ќе го имам, парите што ги заработам, ќе ги насочам кон оние што утре ќе не претставуваат во светот“, изјави Биковиќ за „Блиц“.

Би можело да ве интересира

По реакциите од Украина, Биковиќ е исфрлен од третата сезона на серијата „Белиот лотос“

Горан Наумовски

Украина бара Милош Биковиќ да го исфрлат од новата хит серија на ХБО

Предраг Петровиќ

Милош Биковиќ доби улога во позната светска хит серија

Милош Биковиќ за еден ден заработи три милиони евра