Бен Афлек повторно во клиника за одвикнување од алкохол

Од:

Поранешна сопруга на Бен Афлик, Џенифер Гарнер, вчера го одвела познатиот актер во луксузна клиника за лекување зависности.

Двојниот добитник на „Оскар“ со години се бори со тешка зависност од алкохол. По „дивата недела“, помината со 22-годишниот Плејбој модел, Шона Секстон, Бен Афлек се согласил да оди на терапија, а периодот на неговиот престој не се прецизира. Проблемите на актерот датираат од 2001 година, откако тој периодично посетува клиники за одвикнување.

Во статус на Фејсбук, Бен Афлек се заблагодари на пријателите кои застанале зад него, откако признава дека зависноста од алкохол е нешто со кое се бори и ќе продолжи да се бори.

– Сакам да живеам исполнет живот и да бидам најдобар татко. Сакам моите деца да знаат дека не треба да им е срам да побараат помош, кога им е потребна. Сакам да бидам извор на сила за секој кој има потреба од помош, но се плаши да го направи првиот чекор, напиша Афлек.

Би можело да ве интересира

Првиот сопруг на Џеј Ло откри непознати детали за неа

Предраг Петровиќ

Бен Афлек и Џенифер Гарнер заедно го прославија неговиот роденден

Бен Афлек ужива во луксуз по крахот на бракот со Џенифер Лопез: Објавени фотографии од неговата нова вила

Предраг Петровиќ

„Бен Афлек се исели од куќата, немаше шанси да трае“

Предраг Петровиќ

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

ВИДЕО: Бен Афлек и ја тресна вратата на Џенифер Лопез – парот повторно интерес на јавноста

Предраг Петровиќ