Претставничката на Белорусија, Марина Алексејчик победи на изборот за „Госпоѓа на светот 2014“ („Mrs. World 2014“), што се оддржа синоќа во американската сојузна држава Мериленд.
На второто место на изборот се пласираше претставничката на Јужна Африка, а на третото место на Перу.
Учесничките на изборот прво се претставија во народни носии или во слична облека со карактеристична за земјата од која потекнуваат. Така, „Госпоѓата Севастопољ“ – актерката Наталија Николаева, беше облечена во фустан на руската царица Катераина Втора, за чие владеење Крим бил приклучен кон Руската Империја во 1873 година.
На почетокот на програмата учесничките настапија со танц, а потоа се претставија во костими за капење и вечерни тоалета.
На натпреварот учествуваа млади мажени жени, кои веќе имат деца и кои активно учествуваат во политичкиот и јавниот живот на своите земји или се влучени во добротвотни активности. Оваа година на финалето во Мериленд имаше вкупно 35 учеснички.