Офелија Аде, бегалец од Гана која доби азил во Германија, му даде име на своето бебе Ангела Меркел, во знак на благодарност кон германската канцеларка, за која вели оти е „сјајна жена“.
Тоа го потврди Надин Хезе, портпаролка на германскиот Црвен крст, кој помага во колективниот центар во Хановер, каде Офелија живее.
Офелија во осмиот месец на бременост дошла во Хановер, а Германија во почетокот на годината и одобрила азил и и издала уште тригодишна дозвола за престој.
Со своите три деца живее во колективниот центар во Хановер, некогашна болница, заедно со уште 735 лица од 33 земји.