Балетски гала концерт „Прослава на танцот“

Од:

Македонската опера и балет најави спектакуларен балетски гала концерт „Прослава на танцот“ на 7 декември. Ќе настапат најголемите современи балетски уметници: Игор Колб и Надја Сајдакова од Русија, Јана Саленко и Мариан Валтер  од Германија, Жан Филип Дури од Франција, Сех Јун Ким од Јужна Кореја, Роналд Савковиќ од Шпанија и Јован Веселиновиќ од Србија.

Домаќин на настанот е првенка на Македонскиот балет Александра Мијалкова. заедно со истакнатите солисти Марија Кичевска, Ивана Коцевска и Васил Чичијашвили од Грузија.

– Програмскиот концепт на балетскиот гала концерт е збир на класични и модерни парчиња и согласно со тоа програмата е поделена во два дела, информира Балетот.

Настанот го организира МОБ, продукцијата е на „Трето уво“, а генерален спонзор е рафинеријата ОКТА а.д. Скопје.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ