Аргентинскиот град Чивилкои забрани натпревар за избор на убавица

Од:

Градските власти на Чивилкои, град во реонот на Буенос Аирес одлучија трајно да го забранат организирањето и одржувањето на натпревари за избор на убавица, објаснувајќи дека тие се „сексистички“ и го охрабруваат насилството врз жените.

Советот на градот, во своето соопштение со кое ја образложува ваквата одлука смета дека изборите за најубава девојка, ја поттикнуваат „опсесијата со физичката убавина“ како и болестите, како што се булимијата и анорексијата кај младите жени.

Ова е првпат во историјата на Аргентина, некој орган на државата да се определи за забрана за мис натпреварите, во земја која има долга традиција за учество на нејзнини убавици на домашни и меѓународни приредби.

Во земјите на Латинска Америка изборот за мис им помага на младите кандидатки да направат кариера во светот на забавата и телевизијата. Голем број латиноамерикански убавици досега победиле на изборите за најубава во светот,а добар дел од кандидатките на овие натпревари на убаваината,имаат добиено статус на познати јавни личности во своите земји и успешни кариери.

Градскиот совет на Чивилкои, сепак, смета дека мис натпреварите се „штетни“ за младите жени, па наместо планираниот избор, одлучија да се организира натпревар на карневалски маски.

Според весникот „Кларин“ од Буенос Аирес, одлуката на „градските татковци“ од Чивилкои не е осамен случај, затоа што и аргентинскиот Институт против дискриминацијата и ксенофобијата покренал кампања против натпреварите за избор на убавица.

Овој Институт смета дека изборите за мис треба да се укинат,затоа што „предизвикуваат насилство“ против учесничките кои се напаѓаат само затоа што се премногу убави.Претставник на Институтот тврди дека се регистрирани бројни вакви инциденти во разни делови од земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Убавицата од Јамајка прогласена за нова Мис на светот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мис Филипини e новата Мис Универзум

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мексиканката Ванеса Понсе де Леон е нова Мис на светот

Ана Ололовска

Избрана Мис Америка 2019

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претставничката на ЈАР ја доби титулата „Мис Универзум“

Ана Ололовска

Мануши Чилар од Индија е Мис на светот 2017

Ана Ололовска