„Априлијада 2015“ за Светскиот ден на шегата

Од:

Град Скопје и Детскиот културен центар „Карпош” денеска пред „Порта Македонија“ од 11 часот ќе организираат целодневна манифестација  „Априлијада  2015“.

Дневниот дел од традиционалната манифестација по повод Светскиот ден на шегата ќе се организира под мотото „Скопје се смее” и е наменет за децата од  градинки и од училишта. На учесниците ќе им се обрати скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

– Придружен дел на маските, како и изминатите години, ќе бидат игрите и песничките со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“ и хитовите од „Златно славејче“, соопшти Град Скопје.

Ноќната забава ќе почне во 21 часот кај „Порта Македонија“. Како што најави Град Скопје, ќе учествуваат изведувачите Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Александар Тарабунов, Бетиме Зејали, Биљана Дабеска, диџеј Бабура и групата „The Noise makers”.

Маскенбал 1„ЕВН Македцонија“, пак, по повод 1 април, Денот на шегата, и 2 април – Светскиот ден на книгата за деца, во трговскиот центар „Капитол мол“ ќе организира маскенбал, на кој ќе продефилираат над 150 маски инспирирани од ликови од книгите за деца.

За најкреативните пет маски „ЕВН Македонија“ ќе обезбеди таблети со апликации за читање електронски книги. 

Денот на шегата со забавни манифестации ќе го одбележат и скопските општини Гази Баба и Бутел во кои ќе учествуваат нивните најмлади жители.Манифестацијата во општината Бутел ќе биде натпреварувачка, така што ќе има награди за трите најубави првоаприлски маски.

Би можело да ве интересира

Се одбележува Денот на шегата

Априлијада во Скопје

Ана Ололовска

Денот на шегата одбележан во сенка на пандемијата

Жарко Настоски

Како настанал Први април, Денот на шегата?

Ана Ололовска

Априлили: Денеска се дозволени сите безопасни шеги, лукавства и измами

Ана Ололовска

Како настанал 1. април Денот на шегата?

Ана Ололовска