Компанијата „ГлобалВебИндекс“ изработи анкета во која за три месеци учествувале 40.000 луѓе од 32 држави, според која просечниот интернет корисник има над пет профили на социјалните мрежи, но активен е само на три.
Лицата на возраст меѓу 16 и 24 години во просек имаат 6,6 профили на социјалните мрежи, додека постарите меѓу 25 и 34 години по 4,2 профили. Со истражувањето се опфатени речиси 50 социјални мрежи.
Најголем раст имаат социјалните мрежи „Пинтерест“ и „Тумблр“, додека пад во бројот на активни корисници бележи „Фејсбук“. Сепак, оваа социјална мрежа останува најпопуларна во светот, со над 42 отсто корисници од испитаниците.