Анкета на Ванити феар: Американците најмногу би сакале да ја „оживеат“ принцезата Дајана

Од:

Според анкета на списанието Ванити феар, Американците најмногу би сакале повторно да ја оживеат британската принцеза Дајана. На второ место е основачот на Епл, Стив Џобс, а на трето место се Мајкл Џексон и Витни Хјустон.

За оживување на Дајана биле 35 отсто анкетирани, односно 14 отсто за Џобс и по 11 отсто за Мајкл Џексон и Витни Хјустон.

Седумдесет отсто мажи изјавиле дека би сакале сопругите да ги надживеат, додека тој процент кај жените во однос на сопрузите е само 46 отсто.

Педесет и пет отсто анкетирани како основна причина за која би го дале животот се децата, 12 отсто за сопругите, 10 отсто за родителите или религијата и пет отсто за татковината.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година