Американците се поделени околу едно од најважните прашања овој Божик: Дали Дедо Мраз е демократ или републиканец?
Повеќето Американци не се сигурни во политичките афинитети на овој весел дедо, но 28 отсто од нив мислат дека е демократ, а 22 проценти сметаат дека е републиканец, покажува анкетата која ја спроведе Паблик Полиси Пулинг.
Затоа пак, три четвртини од жителите на САД убедени се дека оваа година биле „добри“ и затоа ќе добијат подароци, а само седум отсто признаваат дека не биле баш добри и не заслужуваат подароци.
Анкетата, исто така, покажа дена меѓу Американците нема партиски поделби кога се во прашање повеќебојните празнични сијалички во однос на еднобојните, природно божикно дрвце спроти вештачко и големо мнозинство се за тоа да се продолжи традицијата и подароците да се отвораат во божикното утро, наместо на Бадник вечерта.