34-годишната Катрин Мајорга тврди дека Кристијано Роналдо ја силувал на 12-ти јуни 2009-та година во апартманот на Португалецот во Лас Вегас, пишува германскиот Der Spiegel.
Мајорга девет години молчела за настанот со оглед на тоа дека напаѓачот на Јувентус и платил околу 375 илјади долари преку вонсудска спогодба, до која дошла откако таа повикала полиција и откако е утврдено дека е силувана.
Иако тогаш ја прифатила понудата на Роналдо да молчи, сега одлучила да проговори, затоа што, како што тврди има тешки психички последици од силувањето па нејзините адвокати сакаат спогодбата да ја прогласат за неважечка.
Мајорга тврди дека Роналдо го запознала во ВИП делот на еден ноќен клуб во Лас Вегас кога тој и пришол и и понудил да и го плати пијалакот.
Таа до детали раскажа за бруталното силување.
„Кога ме замоли да му го допрам пенисот се смеев бидејќи мислев дека е шега. Тој е толку познат и згоден, а всушност е лудак. Скокна на мене, неколку пати му реков не, но тој ме силуваше без кондом“, рече Мајорга, која по настанот се јавила во полиција, а подоцна наводно бил повикан и Роналдо.