Алек Болдвин објави дека планира да открие што навистина се случило на снимањето на „Раст“

Од:

Актерот Алек Болдвин ги обвини медиумите дека сакаат да го „уништат“ и најави дека планира „да разоткрие што навистина се случило“ на снимањето на филмот „Раст“ кога режисерката Халина Хачинс загина во несреќа.

Актерот зборуваше за случајот во разговор со колегата Дејвид Духовни во неговиот подкаст „Fail Better“, не долго по премиерата на филмот на фестивалот „Camerimage“ во Полска и пет месеци откако Болдвин беше ослободен од обвинението за убиство од небрежност, пишува Гардијан.

Кога Духовни го прашал „што понатаму“, Болдвин му рекол дека сега сака „да ја подигне завесата и да открие што навистина се случило“.

Тој додаде дека „медиумите и таблоидите ја потиснале секоја сторија што би работела во негова корист и дека вистината никогаш не била кажана“.

„Кога те мразат, луѓето во оваа земја сакаат три работи: да умреш, да одиш во затвор и да си отсечен од јавниот живот, и како да си мртов – невидлив си“, рече Болдвин.

Болдвин беше обвинет за убиство од небрежност, откако реквизит пиштол што го држеше испука прав куршум на снимањето во Ново Мексико, при што беше убиена Хачинс а беше ранет режисерот Џоел Соуза.

На филмскиот фестивал во Торино, Болдвин ги негираше обвинувањата дека профитирал од филмот, велејќи дека се откажал од своите авторски права.

Би можело да ве интересира

Судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност започнува денеска

Болдвин се изјасни за невин по обвиненијата за убиство

ВИДЕО: Полицијата објави снимка од сетот на кој Болдвин ја застрела снимателката Хачинс

Катерина Ѓуровски

Полицијата добила налог да го заплени телефонот на Алек Болдвин

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Алек Болдвин: Не го повлеков чкрапалото

Ана Ололовска

Уште една тужба за Алек Болдвин

Ана Ололовска