Американскиот глумец Алек Болдвин прифати да присуствува на часови за управување со бесот, по кривичниот прекршок настанат по расправија околу паркинг-место.
Инцидентот се случил на 2 ноември минатата 2018 година пред куќата на актерот во Њујорк, при што тој го удрил другиот возач в лице. Глумецот нема криминално досие.
Болдвин бил обвинет за насилство и се изјаснил како виновен, па прифатил да оди на еднодневно предавање за управување со бесот.