Актерот Мекдауел e уапсен поради вмешаност во убиство

Од:

Актерот Акили Мекдауел (21) пред неколку дена беше уапсен поради вмешаност во убиството на Цезар Пералта на 20 јули. Актерот беше приведен и задржан во затворот во округот Харис.

Инцидентот се случил на паркингот на зградата, а полицајците го нашле Пералта како лежи. Се здобил со прострелни рани. 20-годишниот маж бил мртов кога пристигнале медицинските лица, а осомничениот побегнал.

Според The ​​Hollywood Reporter, актерот на 2 август бил уапсен под сомнение за убиство, а само ден пред тоа бил приведен за кражба. Актерот доби кауција од 400.000 долари и се појави на суд.

На јавноста и е познат по улогата во серијата „David Makes Man“.

Би можело да ве интересира

МВР: Петмина осомничени склучиле договор за 24 часовно обезбедување на патарините, а тие се обезбедувале само делумно

Горан Наумовски

Уапсен е поранешниот директорот на Државни патишта, Ејуп Рустеми

Горан Наумовски

Актерот Гудман се повреди за време на снимањето на најновиот филм

Возач од Скопје усмрти 78-годишен велосипедист

Горан Наумовски

Уапсен е возач кој е осомничен за денешната тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Горан Наумовски

Почина актерот на Велешкиот театар Самоил Стојановски