Поранешниот ирански претседател, Махмуд Ахмадинеџад, откако осум години го водеше Иран, сега работи како учител.
На социјалната мрежа Фејсбук објавена е фотографија на Ахмадинеџад во автобус на јавниот градски превоз. Под фотографијата ставена е напомена дека осум години од својот мандат како претседател на Иран, Ахмадинеџад не добивал плата од државниот буџет, туку живеел од учителската плата.
Во текот на својот мандат, исто така, не иницирал донесување закон според кој како поранешен претседател би примал многу поголема државничка државна пензија.
Се вратил на наставата, а како што може да се види, оди на работа со автобус, јавија Вести.Аз повикувајќи се на турските медиуми.