Адел се вери: Му кажа „да“ на спортски агент по повеќемесечните гласини

Од:

Британската пејачка Адел тајно се сврши со американскиот спортски агент Рич Пол, открива The Sun.

И покрај повеќемесечните шпекулации дека тие веќе се во брак, Рич всушност ја запросил минатиот четврток. Пејачката веднаш рече: „да“, а потоа ги повика пријателите и семејството да ја споделат радосната вест, пренесува The Sun.

Пријателите очекуваат парот да приреди раскошна забава на крајот на следната година.

Извор изјави за The Sun: „Рич планирал запросувањето да биде во неговиот роден град и и подарил неверојатен дијамантски прстен“.
Адел дури ги поттикна гласините за брак со спортски агент, откако на еден од нејзините концерти го нарече нејзин сопруг.

“Адел мисли дека е урнебесно тоа што обожавателите мислат дека веќе се во брак. Тоа беше шега”, рече извор за The Sun.

За потсетување, нивната романтична врска ја открија во јули 2021 година кога беа снимени на кошаркарски натпревар. Во мај минатата година на социјалните мрежи објавија дека се вселуваат во заеднички дом, а гласините за свршувачка почнаа во февруари годинава.

Адел претходно беше во брак со Сајмон Конецки, со кој го има 10-годишниот син Анџело. Од друга страна, Рич Пол има три деца од претходната врска – Реона, Ричи и Зејн, чии животи сака да ги чува во тајност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фановите разочарани од концертот на Адел: „За ова платив 316 фунти?

Предраг Петровиќ

Адел сака да се пензионира: „Ми треба голема пауза…“

Адел се налути на маж од публиката и го прекина концертот: Дали си глуп?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Адел се потсмеваше со трагедијата на концерт: Дали би оделе со подморница до дното на океанот?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Адел триумфира на „Брит авордс“

Ана Ололовска

Адел на насловната страна на „Вог“

Ана Ололовска