Адел се налути на маж од публиката и го прекина концертот: Дали си глуп?

Од:

Адел настапувашево Лас Вегас кога го прекинала концертот поради обожавател, а видеото од тој момент е споделено на социјалните мрежи.
Имено, некој од публиката извика „Прајд е ср*ње!“, а пејачката го прекина концертот.

„Дојде на моето ебано шоу и ми кажаваш „Прајд е срање“? Дали си ебано глуп? Немој да си толку ебано смешен“, рече налутано пејачката.

„Ако немаш ништо убаво да кажеш, замолчи, добро?“, му рече Адел, на што неколку фанови аплаудираа од публиката.

Пејачката низ годините ја поддржуваше ЛГБТ заедницата. Таа дури и го посвети својот настап во Белгија во 2016 година на жртвите од масакрот во ноќниот клуб на Флорида, пишува TMZ. Во тоа злосторство во геј клубот биле пронајдени мртви дури 50 луѓе.

„ЛГБТ заедницата, тие се како мои сродни души уште од мала, ова многу ме потресе“, изјави пејачката за трагедијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фановите разочарани од концертот на Адел: „За ова платив 316 фунти?

Предраг Петровиќ

Адел се вери: Му кажа „да“ на спортски агент по повеќемесечните гласини

Предраг Петровиќ

Адел сака да се пензионира: „Ми треба голема пауза…“

ВИДЕО: Адел се потсмеваше со трагедијата на концерт: Дали би оделе со подморница до дното на океанот?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Адел триумфира на „Брит авордс“

Ана Ололовска

Адел на насловната страна на „Вог“

Ана Ололовска