Виталиа ја најави најголемата Детска трка досега

Од:

Со голема возбуда и задоволство, Виталиа го најави третото издание на традиционалната Детска трка, која ќе се одржи на 21 септември. Оваа година малите тркачи ќе имаат можност да се чувствуваат како вистински професионални атлети, бидејќи Детската трка ќе се одржи на атлетската патека на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.

Повеќе од 1.500 деца и родители минатата година го наполнија Градскиот парк и направија фантастична атмосфера за втората по ред Детска трка. А овојпат, Виталиа најавува уште подобра организација и уште повеќе забава за присутните.

И оваа година, пријавувањето на тркачи ќе се одвива по електронски пат за многу кратко време на сајтот трки.мк.

Детската трка е одлично место за најмалите да ги направат првите чекори во спортот и атлетските дисциплини, но и место каде што ќе можат да ги тестираат своите можности помеѓу своите врсници и другарчиња. Затоа, Виталиа ги повикува децата и нивните родители да го посетат настанот и да учествуваат во забавните активности кои се предвидени пред и по самата трка.

Настанот ќе биде исполнет со различни интерактивни активности и предизвици кои ќе ги мотивираат најмладите да ги истражуваат своите способности и да го прифатат спортот како дел од нивниот секојдневен живот.

Од сигналот за почеток на трката па се’ до целта, Детската трка на Виталиа е местото каде што детскиот ентузијазам, возбудата и радоста се на прво место. Во оваа трка, сите се победници кои учат здрави навики и создаваат спомени кои траат цел живот.

Придружете ни се на овој настан и бидете дел од трката која ќе инспирира уште многу генерации во иднина!

 

Би можело да ве интересира

Актерката едвај извлече жива глава поради инфекцијата од имплант

Ѕвезда на OnlyFans заработи 37 милиони евра: Повеќе од двократната добитничка на Оскар Ема Стоун

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Мисицата по падот од сцената: „Таа е на интензивна нега“

Предраг Петровиќ

Судот ја отфрли тужбата за сексуален напад против Вин Дизел, поднесена од неговата поранешна асистентка

Предраг Петровиќ

Тројца браќа открија богатство на таванот, пронајдоа стрип вреден повеќе од девет милиони долари

Предраг Петровиќ

Болничар уби 10 пациенти од бизарна причина-да си ја намали работата