Зврлевски тргнат од дневен ред во Собрание, Буџетот прва точка

Од:

Собранието треба да ја одржи oсмата седница на чиј дневен ред се предлог на завршната сметка на Буџетот за 2016 година, повеќе закони поднесени од опозицијата и годишните извештаи на повеќе институции.

Нема информација дали денеска ќе има ново продолжение на шестата седница, на која точка на дневен ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Вчера претседателот на Собранието, Талат Џафери, го прекина продолжението на собраниската седница откако координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, повторно побара пратениците да прекинат со работа во 18 часот бидејќи голем дел од нив сакаат да го одбележат верскиот празник Павловден со своите семејства.

Пратениците на денешната седница треба да расправаат по предлог-законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик во прво читање, како и предлог-законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот, по скратена постапка. На дневен ред се и предлог-закони во прво читање поднесени од пратеници од опозицијата како што се предлог-законот за докторска дејност, предлог-законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и предлог-законот за изменување на Законот за јавното обвинителство.

На оваа седница ќе бидат разгледани и годишните извештаи на повеќе институции.

Би можело да ве интересира

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет