Зврлевски се сретна со Хојт Ји

Од:

Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски денеска се сретна со заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент, Хојт Брајан Ји.

На средбата, како што соопшти ОЈО, станало збор за справувањето со тероризмот и санкционирањето на учеството во странски војски, како и за подготвеноста на Јавното обвинителство на Република Македонија за справување со кривичните дела против изборите.

Двајцата соговорници размениле мислења и за соработката помеѓу институциите, вклучувајќи ги и односите меѓу Јавното обвинителство на Република Македонија и Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите​.

Брајан Ли на средбата беше придружуван од амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје