(ВИДЕО) Зврлевски: Немам врска со политика

Од:

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски кажа дека не се точни причините поради кои Владата бара негово разрешување.

Според него, ништо не укажува дека работел нестручно, незаконито или несовесно, туку укажува на непознавање на јавнообвинителската дејност.

– Сум бил во тек со сите случаи. Нема погрешни постапувања во „Актор“, „Македонска Банка“, ниту пак во барањето за законитост во случајот за Сеад Кочан. За случувањата од 27. април е отворена постапка, а за протекување на ПИМ, тврдам дека не протекле од обвинителството, рече Зврлевски.

Тој се пожали дека позитивното мислење за негово разрешување на советот на јавни обвинители е преседан, бидејќи нема образолежние зошто го сториле тоа.

Обвинителот се пофали дека донел службени телефони и компјутери за сите обвинители и дека за 4 години имаат отворено преку 40 илјади предмети.

Тој кажа дека во јавноста е познат како човек што нема врска со политика.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Зврлевски дал исказ пред дисциплинската комисија во Обвинителството за 27 април

Ана Ололовска

Жерновски: Разрешен е Марко Зврлевски, најголемиот заштитник на криминалот

А1он

Утре Собранието ќе гласа за разрешување на Марко Зврлевски

А1он

Заврши  расправата за разрешување на Марко Зврлевски

А1он

Заев: Очекувам Зврлевски да биде разрешен пред одморот на Собранието

Предраг Петровиќ

Владата ќе поднесе барање до Собранието за разрешување на Марко Зврлевски

А1он