Зврлески: Подобрување и унапредување на работата на јавното обвинителство

Од:

Новиот државен јавен обвинител Марко Зврлески денеска во Собранието даде свечена изјава и притоа истакна дека јавното обвинителство е подготвено да работи според новиот Кривичен законик и оти кадровски е доволно силно да се справи со сите предмети.

– Пред претседателот на Собранието на Република Македонија дадов свечена изјава, заклетва дека при вршењето на функцијата јавен обвинител ќе постапувам само согласно Уставот, законот и ратификуваните договори и дека притоа ќе постапува непристрасно, совесно и стручно. Ваква заклетва имав дадено и во 2009 година и оттогаш наваму се трудев да ги почитувам овие правила и принципи и се надевам дека ќе продолжам во таквото постапување, изјави Зврлески.

Државниот јавен обвинител рече дека негов приоритет во идниот период ќе бидат подобрувањето на општествената положба на јавните обвинители и унапредување на работата на јавното обвинителство.

Во однос на новите ингеренции што ги има обвинителството коишто произлегуваат од Кривичниот законик, Зврлески изјави дека некои одделенија веќе работат по правила и принципи по новиот законик.

Би можело да ве интересира

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Нов потрес во Украина: НАБУ ја претресува канцеларијата на генералниот обвинител Кравченко

Горан Наумовски

Избор на нов обвинител на ОЈО Скопје: Бубевски повторно во трка

Горан Наумовски

Сараево: Полицијата претресуваше канцеларија на обвинител кој е под сомнение дека им открива тајни на криминалци

Гостиварец му се заканувал на судија, насилникот заработи обвинение