А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЗПММ: Дигитализацијата ќе биде несовладлива пречка за огромен дел од ТВ станиците

by А1он19/03/2013 - 19:42117
Share0

130 илјади евра за дигитализација за националните и 20 илјади евра за локалните телевизии, плус трошоци за трансфер на сигналот и дополнителна опрема е трошок кој ги очекува македонските телевизии во иднина и со кој тие нема да можат да функционираат нормално.

Добивај вести на вибер

Операторот ОНЕ ги побарува овие суми за емитување на дигитален сигнал од македонските телевизии веќе од 1 јуни оваа година. Според Здружението на приватните медиуми на Република Македонија ЗПММ ова ќе биде огромен трошок и можен крај за работата на голем број од ТВ станиците кои нема имаат доволно пари за нормално да работат и да опстанат на пазарот.

– Ова особено се однесува на локалните телевизии кои сосема оправдано стравуваат дека ќе престанат да работат со згаснувањето на аналогниот сигнал. Сумата од околу 20 илјади евра по телевизија, на што се додаваат и месечните трошоци од неколку стотини евра за трансфер на сигналот и побараната опрема за дигитализација на сигналот која чини над 10 илјади евра ќе бидат несовладлива пречка за огромен дел од ТВ станиците. Во овој момент и со овие цени дигитализацијата е преголем залак за телевизиите и економски е неоправдана и сосема неприфатлива, велат од ЗПММ.

Од здружението додаваат дека ова, покрај веќе актуелизираните проблеми со авторските права, е само уште еден удар врз македонските медиуми кои и така се наоѓаат во незавидна финансиска кондиција и исклучително тешка материјална состојба.

mediumiмедиуми

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Горан Наумовски01/06/2025 - 19:08

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

Горан Наумовски03/05/2025 - 11:16

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Горан Наумовски03/05/2025 - 09:48

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Катерина Ѓуровски20/03/2025 - 14:28

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on15/03/2025 - 22:2515/03/2025 - 22:25

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ11/03/2025 - 17:0711/03/2025 - 17:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен