Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Шведска Матс Стафансон

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска за Р. Македонија, Матс Стафансон.

На средбата се разговараше за текот на реализацијата на Договорот од 2 јуни / 15 јули, улогата на потписниците за спроведувањето на договореното, како и за мигрантската криза којашто се заканува да прерасне во хуманитарна катастрофа.

„Неопходно е целосно спроведување на договореното и почитување на утврдените роковите. Мора да се обезбедат условите за слободни, фер и демократски избори. Само на такви избори, ослободени од притисоци, граѓаните ќе можат во деморкатски амбиент да ја изразат својата слободна волја“, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека незаконската одлука на Кривичниот Суд, уште еднаш ја покажа контролираноста на судството и силно ја потврди потребата од Специјален јавен обвинител кој ќе има целосна автономија и техничка поддршка за постепено враќање на правдата во Р.Македонија.

Амбасадорот Стафансон, рече дека очекува целосна и навремена реализација на договореното во Пржино и ја истакна поддршката што ја дава Кралството Шведска за Македонија повторно да зачекори на патот на евро-атлантските интеграции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?