Зоран Заев оствари повеќе средби во Локарно

Од:

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев престојува во неколкудневна посета на Швајцарија.

Денеска, во рамки на посетата, претседателот Заев оствари средба и со градоначалничката на општина Локарно, Карла Специали.

На средбата се разговараше за позитивната врска која нашите иселеници од Македонија ја имаат во градењето на пријателството помеѓу двете земји, Македонија и Швајцарија.

Заеднички беше оценето дека помошта којашто Швајцарија ја дава на Македонија, со години наназад, е исклучително значајна и во функција на развојот и демократизација на нашето општество.

Делегацијата на СДСМ оствари средби и со голем број иселеници од Македонија, кои работат во Локарно. Иселениците посочија дека неможноста да се обезбеди нормална живеачка и егзистенција ги натерало да ја напуштат Република Македонија.

Во организација на Партиската организација на СДСМ од дијаспората, утре, во Локарно,  ќе се одржи трибина на тема “Иднината на Македонија”, на која ќе се обратат претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар Оливер Спасовски.

На трибината ќе биде презентирана визијата на СДСМ за напредок на Република Македонија и враќање на државата во нормален колосек.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски