Зоран Заев го честиташе Меѓународниот ден на трудот – Први мај

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, на сите граѓани на Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на трудот – Први мај, со надеж дека во иднина ќе се вреднува трудот на работникот , како и дека конечно ќе се создаде амбиент во кој работникот ќе ги ужива заслужените права.

СДСМ со жалење констатира дека веќе подолг период, на македонските работници им се одземени правата, сигурноста и достоинството, а сите стандарди за пристојна работа се погазени. Македонскиот работник секојдневно е изложуван на понижување:

– Според работната недела, Македонија спаѓа во групата европски земји кои имаат долга работна недела со 40 часа.

– Постојат бројни примери за кршење на правата на работниците, недоволно платен или воопшто неплатен труд, мобинг и изложување на насилство, ризични услови на работното место;

– За жал, во последните неколку години во Македонија на своите работни места загинаа повеќе работници од различни дејности.

Надлежните институции и пред се најповиканата организација за заштита на работничките права и труд, Сојузот на синдикати, остануваат само неми набљудувачи на ваквите серозни состојби. Со тоа се соучесници во угнетувањето на правата на работниците.

Водејќи се од основните социјалдемократски вредности на слобода, еднаквост и солидарност, СДСМ продолжува да се заложува за зачувување и унапредување на правата на работниците, како преку своите програмски решенија, мерки и определби, така и преку активно дејствување во граѓанската борба за работничко достоинство. Неопходно е приоритет на државата да биде социјална заштита и праведност за сите, економска безбедност, праведна распределба на животните можности и рамноправност.

Нека е честит Меѓународниот ден на трудот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата