Зоран Милески призна вина за „Рекет“, Јанева и Јовановски се изјаснија за невини

Од:

Третообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец ја призна вината пред судот и рече дека е свесен за последиците од признанието.

Судијката Васка Николовска Масевска го раздвои предметот за Милевски и даде пауза.

Катица Јанева на прашањето дали чувствува вина, категорично изјави: „Ни тронка не се чувствувам виновна“.

На Бојан Јовановски кој исто така се изјасни дека не се чувствува виновен, пак, судијката му кажа дека доколку не се чувствува добро може да остане да седи на столчето.

Јовановски на тоа и рече: „Штом може јавната обвинителка да стои, ќе стојам и јас ако треба и до последна капка крв“, откако претходно се жалеше дека не му е добро и му станува се полошо.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов