Зоран Јовановски заминува од СДСМ, ќе дејствува индивидуално

Од:

Зоран Јовановски, кој беше еден од кандидатите за претседател на СДСМ, го напушта СДСМ и иделогијата за социјалдемократските вредности ќе ја води индивидуално.

На само еден ден по завршувањето на Конгресот на партијата, поразениот Јовановски вели дека делегатите имале можност да изберат помеѓу комплетно нов и поинаква програма, но тие избрале друг концепт.

– Бидејќи јас верувам дека единството се гради преку концепт, отсега индивидуално ќе дејствувам – вели Јовановски.

Инаку, новиот претседател на СДСМ Зоран Заев, вчера по завршувањето на Конгресот и прогласување на победата, рече дека не победил ниту еден од кандидатите за претседател, туку победил СДСМ.

– Противкандидатите треба да добијат врвни позиции во партијата и јас сметам на нив како и сите поддржувачи – изјави Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски