Зоран Иванов добил отказ од Алфа

Од:

Доскорешниот одговорен уредник во телевизијата „Алфа“, Зоран Иванов, денеска добил отказ.

Решението за престанок на работниот однос му го дал еден од менаџерите на телевизијата, со образложение оти со новата програмска шема „немал доволен ангажман“.

Порталот истакнува дека не успеал од Иванов да ја потврди оваа информација.

Инаку, откако формално нов сопственик на телевизијата стана српскиот тајкун Веселин Јевросимовиќ, човек кој важи за близок до луѓе од опкружувањето на премиерот Никола Груевски, во „Алфа“ беа донесени и осум новинари од „Сител“ и од весникот „Вечер“, како и двајца уредници.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми