Зона на смирен сообраќај и нови инфраструктурни проекти во Горно Лисиче

Од:

На барање на граѓаните од Горно Лисиче, Општина Аеродром започна активности со кои трајно се решава едно важно сообраќајно прашање, а со кое пред се ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот на граѓаните во овој дел од општината.

Пред основното училиште „Гоце Делчев“ од денеска активно се работи на поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, легнати полицајци, а се воспоставува и т.н. зона на мирен сообраќај каде брзината на движење се ограничува на 30 км/час. Дополнително, околу училиштето се поставува и заштитна ограда со што дополнително се решава проблемот за безбедноста на дечињата.

Подигнување на безбедноста во сообраќајот, значи и грижа за дечињата и придонес за побезбедна и посигурна општина, а инвестициите во сообраќајни и инфраструктурни решенија се одговор на сериозни локални предизвици со кои подолг временски период се соочуваат жителите на Аеродром.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он