ЗНМ повика на масовни протести

Од:

Здружението на новинари на Македонија со допис го повика своето членство на масовни протести во понедленик на пладне пред Основниот суд Скопје1. Одлуката ја донел Управниот одбор на ЗНМ поради лошата судска поракса на осусдување новинари и покрај тоа што паралелно се водат разговори меѓу Здружението и Владата за декриминализација на клеветата.

„Од судовите ќе бараме се додека не се најде соодветно решение за декриминализацијата тие поефикасно да ја применат судската пракса од Стразбур. Идејата на протестот е јавно да го изразиме нашето незадоволство од односот на некои судии кои место да ја променат досегашната лоша судска пракса го заоструваат односот кон новинарите кога одлучуваат за судските предмети за клевета и навреда“, пишува во дописот на ЗНМ:

„Во последно време сме сведоци дека новинарите со полициска придружба се носат во судовите затоа што не се одзвале на судските покани. Ние не сме против примената на ваква мерка, но инсистираме тоа да биде спроведено неселективно“.

„Сакаме уште еднаш да потсетиме за големиот број на тужби за клевета и навреда против новинари, кои се користат како средство за вршење притисок. За непропорционални надоместоци за нематеријална штета, за долгите и неефикасни постпаки, кои траат со години и немаат ефикасна завршница, за неприменување на правилата за каскадна одговорност“, пишува во пораката на ЗНМ до сето членство.

ЗНМ порачува дека на протестот ќе изрази поддршка за судиите кои одговорно си ја вршат работата, но и предупредува доколку не се поправат работитите ќе мора со име и со перзиме да ги посочува судиите кои на несоодветен начин го применуваат домашното и меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on