ЗНМ: Постапката на Канал 5 е неетичка и непрофесионална

Од:

Советот на честа на ЗНМ ја осудува постапката на Телевизија Канал 5, која во своите вести вчера објави информација за наводна авионска несреќа, без да соопшти други детали. Подоцна се извини признавајќи дека направиле „несмасна“ реклама.

„Советот на честа смета дека станува збор за злоупотреба и груба дезинформација со која својот економски интерес Канал 5 го става над јавниот интерес. На овој начин Телевизијата предизвика страв и заблуда кај граѓаните и тоа свесно, за да изрекламира своја емисија. Постапката на Канал 5, Советот на честа ја оценува како крајно непрофесионална и неетичка, спротивна на сите одредби од Кодексот на новинарите.

– Извинувањето објавено подоцна не го намалува крајно неодговорниот однос на Телевизија Канал 5, со кој новинарската професија е симната на максимално ниско ниво, а улогата на медиумот злоупотребена. Истовремено, чувствата на граѓаните се повредени и кај нив е предизвикан страв и недоумица. За сето ова, извинувањето на Телевизијата не значи ништо“, се вели во соопштението на Советот на честа.

 

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество