ЗНМ и Владата договорија декриминализација на клеветата

Од:

ЗНМ и Владата се договорија за декриминализација на клеветата. Според договореното, казните за новинарите ќе бидат до 2.000 евра, за уредниците до 10.000 евра а за сопственикот на медиумот до 15.000 евра.

Владата и ЗНМ долг период не можеа да се договорат токму околу висината на максималните казни.

Новинарите бараа и се залагаа за тоа висината на казната да биде во висина на две до три новинарски плати, но и да се намали прагот на казната, која првично од страна на власта се бараше да биде 10.000 евра за уредниците и близу 100.000 за сопствениците на медиуми.

„Законот е поставен казните да бидат на крај. Воспоставен е систем кој му дава можност на новинарот да ја докаже вистината на напишаното, ако во тоа не успее, да се извини, а има инструмент да се објави и демант. Крајна мерка ќе биде изрекување мерка надомест за нематеријална штета, рече претседателот на ЗНМ, кој додаде дека ова е еден важен чекор за подобрување на состојбите во медиумите.

Вицепремиерката Теута Арифи, која претседава со работната група за медиуми оцени дека овој договор покажува оти може да се разговара за сите прашања, ако целта е постигнување повисоки демократски вредности во општеството. Таа изрази верување дека постигнатиот договор ќе биде позитивно оценет и од страна на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми