ЗНМ бара извинување за навредите од СОНК

Од:

Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид, најостро реагира на изнесените навреди кон охридските новинари во отвореното писмо на Регионалниот одбор на Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата – СОНК, од Охрид, испратено преку електронска пошта до медиумите.

„Во писмото, објавено во дел од локалните медиуми, се користат недолични зборови и квалификации со кои се девалвира новинарската професија и достоинството на медиумските работници присутни на прес конференцијата што на 1-ви септември се одржа во просториите на Општина Охрид, а по повод потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Локалната самоуправа и СОНК Охрид“, за што известуваа претставници на повеќе локални и национални медиуми.

Без и малку почит, минимизирајќи ја улогата на медиумите кои безброј пати до сега ги актуелизирале проблемите во образованието, науката и културата, дури и тогаш кога отсуствувала синдикална реакција, како и проблемите во самиот синдикат, во писмото на СОНК, зад кое, како што се тврди во истото, стои Регионалониот одбор од Охрид, на новинарите не им се забележува што преку објавените извештаи ја запознаа пошироката јавност за потпишаниот договор со кој се решава превозот на просветните работници во општината, туку какви прашања поставувале и зошто пројавиле интерес и за други теми надвор од образованието, а кои се од интерес на пошироката заедница.

Недопсутливо е Синдикатот на вработените во образованието, науката и и културата – СОНК – Охрид, да се обидува да дели лекции и да ги учи новинарите како да работат, што да прашуват и пишуваат, што претставува загрозување на слободата на медиумите и грубо мешање во нивната уредувачката политика.

ЗНМ – Регионална канцеларија Охрид, бара од СОНК – Охрид да го објасни изнесеното во отвореното писмо и јавно да се извини за навредите упатени кон новинарите, за што ќе биде известено и централното раководство на Синдикатот на вработените во образованието“, се вели во соопштението на Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска