ЗНАМ во Виница: Гласот на граѓаните на прво место

Од:

Караванот „Со срце за нашата општина“ на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денес продолжи низ државата, со нова важна средба – овој пат со жителите на Виница. На отворениот дијалог со граѓаните од целиот Винички регион, движењето уште еднаш ја потврди својата посветеност дека гласот на народот е темел на секоја нивна одлука.

Средбата ја предводеше Горан Минчев, Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија заедно со Јорданчо Давитков, член на градската организација.

Граѓаните отворено зборуваа за секојдневните предизвици со кои се соочуваат: ограничени можности за младите да останат и напредуваат во родниот крај, недостиг на поддршка за жените во бизнисот и јавниот живот, запуштени локални патишта и улици, недоволни инвестиции во основната инфраструктура и потреба од поефикасно и транспарентно урбанистичко планирање.

Минчев пред присутните истакна:


„Виница има глас кој треба да се слушне – и ние сме тука токму за тоа. Да ги претвориме вашите зборови во дела, а вашите грижи во приоритети. Не носиме готови решенија, туку заеднички ги создаваме – со секој разговор, со секој предлог од вас.“

Со секоја посета низ Македонија, ЗНАМ покажува дека вистинската политика започнува таму каде што се луѓето – на терен, со искрен дијалог и заедничка работа. Виница денес беше жив доказ за тоа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

Движењето ЗНАМ го одбележа вториот роденден: Со освојувањето на шест пратенички мандати ЗНАМ стана фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето

Горан Наумовски

СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ

ЗНАМ: Нашиот став, но и тој на Владата е јасен, нема простор за прифаќање на мигранти во Македонија

Горан Наумовски

ЗНАМ: Среќа за сите што Милошоски не е премиер на Македонија