ЗНАМ: Секој има право да слави, но нема право да го омаловажува и да не почитува другиот

Од:

Движење ЗНАМ – За наша Македонија најостро го осудува вчерашното дивеење и сквернавење на знамето на Македонија од страна на лица кои го прославуваа Денот на албанското знаме.

„Секој има право да слави, но нема право да го омаловажува и да не почитува другиот, како и државата. Ваквиот чин покажува дека некој или некои само декларативно се залагаат за соживот и не ги почитуваат симболите на државата во која се родиле, школувале, работат, живеат.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија може со жалење да констатира дека тоа што вчера се случуваше на многу места низ државата, а особено вандалското однесување на поединци и групи во Скопје и Куманово, со непочитување на законот за употреба на знамињата и уништување и сквернавење на нашето државно, но и знаме на Македонците е за најостра осуда.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се залага за почитување на законите, за владеење на правото. Токму затоа секој што се однесува спротивно на тие воспоставени демократски принципи, мора да одговара за своите постапки, а не да се крие зад лажната борба за национални права и слободи. Јавно ги осудуваме ваквите настани и ја поздравуваме реакцијата на Министерството за внатрешни работи. Очекуваме и Обвинителството да го заврши својот дел од работата и сите оние што го прекршиле законот да ги изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според законот.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија порачува дека секој што има намера да ја дестабилизира Македонија и да го доведе во прашање Уставниот поредок, да ја загрози безбедноста на граѓаните и да предизвика омраза ќе мора да се соочи со последиците. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија потенцира дека Македонија е
демократска земја во која се почитуваат правата на секој човек, секој граѓанин, на сите етнички заедници што живеат во неа, но не може и не смее да дозволи непочитување на законите и симболите на државата, но и на Македонците.

Движење ЗНАМ – За наша Македонија потенцира дека не можеме и не смееме да дозволиме некој, поради остварување на сопствените цели и фрустрациите од изгубените позиции да ги користи младите луѓе за ширење насилство, омраза и дестабилизирање на меѓуетничките односи. Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образувала, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба кривично да се одговара за тоа“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

Движењето ЗНАМ го одбележа вториот роденден: Со освојувањето на шест пратенички мандати ЗНАМ стана фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето

Горан Наумовски

Димитриевски: Нема услови за отворање мигрантски кампови во Македонија

Горан Наумовски

СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ