ЗНАМ сака да се договори со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, за советите би оделе со свои листи на локалните избори

Од:

„Почнувајќи од утре, 23 април 2025 година во рамки на кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ “ во следните 60 дена партиското раководство, сите избрани и именувани функционери од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе ги посетат сите општини во Македонија и ќе одржат средби со членовите симпатизерите и граѓани, најави директорот на Центарот за комуникации на ЗНАМ Никола Мемов.

Целта е директно да се запознаат со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, кои ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори. Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување со општинските буџети.

„Донесена е одлука за формирање на градската организација на движењето ЗНАМ – За наша Македонија за град Скопје, а изборната конференција преку соодветна процедура ќе започне со предлози во скопските општински организации и ќе биде одржана кон крајот на мај, рече Мемов и додаде:

„Донесена е одлука за формирање на тим за преговори и евентуална соработка со други политички партии за претстојните локални избори. Тимот ќе го предводи генералниот секретар на партијата, Горан Минчев, а во него ќе учествуваат и потпреседателите Весна Бендевска и Павле Арсоски“.

„Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија до сега има формирано повеќе од 50 општински организации во Македонија. Бројот на членови интензивно се зголемува, што е јасен показател и силен индикатор дека граѓаните ги препознаваат политиките на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Со тоа се докажува дека Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија е најбрзо растечка
политичка сила во државата“, рече тој.

Мемов информира дека со одлука на Централниот одбор на партијата е избран да раководи со Центарот за комуникации и аналитика на Движењето ЗНАМ.

Запрашан што значи тоа дека започнуваат преговори и дали на локалните избори ќе одат самостојно, Мемов одговори:

„Движењето ЗНАМ формира преговарачки тим за соработка со политичките партии и во рамките на владиното партнерство веќе ги почнуваме преговорите со нашиот партнер во владата ВМРО-ДПМНЕ. Во делот на настапот на локалните ибори партиското раководство на Движењето ЗНАМ размислува за самостоен настап на ниво на советнички листи, а во делот за изборот на градоначалници на општините, размислуваме за соработка и взамена поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, секако дека кандидатите на ЗНАМ ќе бидат самостојни кандидати на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција“.

Би можело да ве интересира

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

Димитриевски до СДСМ: Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка

ЗНАМ: СДСМ е во паника и прави дефокус од сопствените корупциски афери

А1он

СДСМ почна постапката за утврдување кандидати на СДСМ за локалните избори

Движењето ЗНАМ оствари средби со граѓаните, членовите и симпатизерите во Пробиштип и Кратово

Горан Наумовски

СДСМ: Целиот систем се распаѓа додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН меѓусебно се расправаат