ЗНАМ: Куманово – град каде квалитетното образование е право, а не привилегија

Од:

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес одржа прес-конференција посветена на образованието во Куманово, нагласувајќи дека тоа е најголемата инвестиција во иднината на градот и неговите жители.

„Квалитетното образование мора да биде право, а не привилегија. Нашата цел е секој ученик и студент да има современи услови за учење и развој, а општината ќе продолжи да вложува во подобрување на наставниот процес, спортските капацитети и инклузивноста,“ беше истакнато на прес-конференцијата.

Во програмата за следниот период се предвидуваат:
 реконструкција и доопремување на централните и подрачните училишта, со акцент на енергетска ефикасност и пристапност за лицата со попреченост,
 нови и реконструирани училишни спортски сали,
 современи ИТ кабинети и технолошки зони,
 уредени училишни дворови со осветлување и нова урбана опрема,
 целосна реконструкција на повеќе основни училишта и спортски сали низ Куманово и околните населби,
 промоција на инклузивна средина во сите училишта.

„Нашата визија е преку образованието да создадеме генерации подготвени за предизвиците на новото време, но истовремено свесни за своите корени, култура и вредности. Секој млад ум е искра надеж за подобро утре, а токму образованието е силата што ќе го движи Куманово напред,“ порачаа од Движењето ЗНАМ

Би можело да ве интересира

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

Карапејовски: Пржинската влада мора да биде укината

Горан Наумовски