ЗНАМ: Катни гаражи, зелени површини и реорганизација на јавното комунално претпријатие во Тетово

Од:

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија во Тетово одржа трибина на која беше промовирана листата со кандидати за советници предводена од носителот Мирослав Симовски. Беше промовирана програмата на партијата со визијата за развој на Тетово.

– Во нашата програма имаме конкретни проекти изградба на две катни гаражи во централното градско подрачје, со вкупно 500 паркинг места, што ќе го растоварат сообраќајот. Подобрување на зелените површини и создавање на „зелени џебови“ во секоја населба – мали паркови, игралишта, и простор за семејствата. Целосна реорганизација на јавното комунално претпријатие, со нова механизација и јасна отчетност, истакна носителот на листата Мирослав Симовски.

Тој посочи дека нивната визија за Тетово е едноставна, но силна.

– Тетово што знае, што создава и што се грижи. Тетово што знае – значи институции со стручни и чесни луѓе, кои работат транспарентно и одговорно. Тетово што создава – значи град со нови работни места, катни гаражи, чист јавен простор, поддршка за локалните бизниси и млади претприемачи. Тетово што се грижи – значи грижа за семејствата, за мајките, за старите, за секое дете што треба да расте без страв и без срам, истакна Симовски.

На трибината се обрати и портпаролот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов кој истакна дека партијата со конзистентни политики и визија за Македонија ја придобива довербата на граѓаните.

-Движењето ЗНАМ – За наша Македонија интегрира и привлекува, реализирани луѓе. Доказ за тоа последните 15 месеци е присуството на еминентни и реализирани луѓе од општествениот живот во Македонија. Такви се и нашите носители на листи со кандидати за советници низ другите општини. Од бизнисмени, професори, истакнати спортисти. Во Тетово ние ќе бидеме гарантот на остварувањето на правата на македонскиот народ во овој регион, истакна Мемов.

На трибината се обратија и кандидатите за советници Маја Димитријевска и Раде Симоновски.

Би можело да ве интересира

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

Карапејовски: Пржинската влада мора да биде укината

Горан Наумовски