ЗНАМ ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за Градоначалник на Општина Центар и листата за советници во Советот на Град Скопје

Од:

Движењето ЗНАМ денеска ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за Градоначалник на Општина Центар и листата на кандидати за членови
Советот на Општина Центар.

„Центар заслужува конечно работите да се решаваат системски, со една јасна визија за многу почист Центар, безбеден Центар, Центар кој има ред и организација. Оваа денешна слика мора да се промени. Центарци знаат што е најдобро за нив. Благодарам на ЗНАМ за довербата и кандидатурата, но исто така благодарен сум на ВМРО-ДПМНЕ за целосната поддршка која ја добивам.

Најважни се граѓаните и условите во кои живеат, Центар е наш заеднички дом. Ќе го вратиме сјајот и редот со квалитетни системски решенија. Овој хаос мора да запре. Ќе го ослободиме просторот, ќе го исчистиме, озелениме и повторно ќе го слушаме детскиот џагор во маало. Знаеме како!“ – изјави Лабудовиќ.

Визија за системски решенија и подобар живот на граѓаните Со поднесувањето на кандидатските листи и кандидатурата, ЗНАМ најави нова енергија и одговорност во политиката. Во своите редови движењето обединува луѓе од различни професии, подготвени да понудат визија и конкретни чекори за подобар живот.

Главните приоритети на ЗНАМ остануваат:

• повеќе зелени површини и чиста животна средина,
• системски решенија за сообраќајот и инфраструктурата,
• почисти и безбедни маала,
• враќање на јавниот простор во рацете на граѓаните.

„Ова не е само политичка агенда, ова е заедничка визија за град кој ќе биде гордост на сите нас. Време е да направиме во Центар и градот Скопје да владее ред, чистота, безбедност и урбан живот достоен за неговите жители.

Со ова, движењето уште еднаш ја нагласува својата определба за чесна, одговорна и транспарентна политика насочена кон реални решенија и
подобар живот за сите граѓани,испраќајќи силна порака дека е подготвено чесно, одговорно и системски да ги решава проблемите на граѓаните”,
потенцираше Лабудовиќ.

Едновремено, во Градската изборна комисија беше поднесена листата на советници на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија за советот на Градот
Скопје.

Носител на листата за Советот на Град Скопје е генерал Горанчо Котески, поранешен Началник на Генералштабот на АРМ, човек со долгогодишна
професионална кариера и интегритет. Тој порача дека Скопје мора да добие поинаков, со системски пристап во управувањето:

„Влегуваме чесно и со јасен план и визија, со волја да ги решаваме проблемите со кои се соочува градот Скопје. Граѓаните заслужуваат функционален, организиран и чист град, а ние знаеме како тоа да го постигнеме,“ изјави генералот Котески.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Куманово – град каде квалитетното образование е право, а не привилегија

Лабудовиќ: Центар мора да биде чист – во првите 100 дена ќе ја вратиме хигиената, редот и достоинството на општината

Мемов: Дали Газменд Максимовски кандидат за советник од СДСМ, добил бесправно одобрение за градба на улица Самоилова?

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

ЗНАМ: Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси

Куманово се развива во уреден и функционален град, изјави Ѓорѓиевска